„За здравје зборувам секој ден, а најдоброто го практикувам за мене и моите најблиски!“

Нега и семејно здравје!

Смирениот глас, белиот тен и ангелско лице на Билјана Дебарлиева се одлики кои секој од нас ги „пуштил“ во својот дом. Изминатите години здравствените совети и одличните здравствени теми се патоказ и препорака кои секој ги применува. 

Денес разговараме со Билјана за здравјето и убавината. Како и дали ги практикува советите кои ги даваат на нејзината „Визита“.    

Пред сè кои се твоите ритуали за одржување на твоето здравје и здравјето на твоите најблиски?

Здравите животни навики треба да бидат приоритет за секого од нас! И не да остане само на кажаното, туку тоа треба и да го практикуваме во секојдневието. Здрава храна, избалансирани оброци, физичка активност, амортизирање на стресот (затоа што да го избегнеме очигледно не можеме) и да најдеме начин да се заштитиме од штетните надворешни фактори и влијанија од околината во која живееме. Само на тој начин ќе го намалиме ризикот од бројни здравствени проблеми, иако мислам дека и генетиката има значајна улога и влијание во склоноста на организмот кон одредени проблеми.

Дали практикувате користење на суплементи за подигнување на имунитетот?

Имунитетот е основата за добро и нормално функционирање на организмот. Ако е јак имунитетот, тогаш сме помалку изложени на негативните ефекти врз нашето здравје. Затоа и постојано се вели- силен имунитет за добро здравје! Преку храната, овошјето и зеленчукот можеме да обезбедиме добар имунитет, ама дали знаеме и колку сме сигурни дека само со исхрана може да го постигнеме тоа? Затоа е потребно да се користат и додатоци, суплементи.  Многу сум среќна што сосема случајно, но веројатно со причина почнав да ги користам OZONE GOLD капсулите.

Во последниве 6-7 месеци меките желатински капсули со озонирано маслиново масло се единствениот и вистински сојузник на мојот имунитет и моето здравје. Во овој изминат период комплетно бев заштитена и од вирусите и од настинките, имам добар сон и повеќе енергија. Многу читав за нив и општо за озонската терапија, за ефектите и бенефитите од нивното користење. Затоа, без двоумење, тие се мојот единствен избор кога станува збор за грижата за здравјето и имунитетот. Накратко озонот(О3)  е гас кој настанува со хемиска реакција на атомот на кислородот (О) со молекуларниот кислород (О2) обезбедува поголемо количество кислород во вашата крв со што придонесува за ревитализирачки бенефити врз целокупното здравје, започнувајќи на молекуларно ниво. Едни од главните придобивки на озонската терапија се антиинфламаторни, антибактериски и антивирусни својства, но и подигнување на општото здравје преку зајакнување на имунитетот.   

Навики кои мислите дека вредат да се стекнат? (здрави навики за одржување на здравје, но и за одржување на убавината )

Здравите навики ги стекнуваме уште од најрана возраст, пред сè во рамки на семејството. Ги учиме децата дека треба да се хранат здраво, да бидат физички активни, да го прават најдоброто за себе, зашто тие позитивни нешта ќе останат да се практикуваат и понатаму во животот. Освен грижата за здравјето, подеднакво е важна и грижата за надворешниот изглед. Убавината е релативен поим, секој е убав на свој начин, ама како и колку ќе се негуваме и како зрачиме во околината, зависи исклучиво од самите нас.

Покрај грижата за убавина и здравје одвнатре, дали практикувате и каква нега на вашето лице практикувате, имајќи ја на ум долгогодишната работа како ТВ новинар и потребата за континуирана грижа и нега за вашиот изглед.

Никогаш не сум имала некои специфични ритуали за нега на кожата, освен оние вообичаените како темелно отстранување на шминката, која заради мојата професија е и мое секојдневие, користење  хидратантни креми и многу вода која е потребна и за телото и за кожата.  Велат, кожата памти сè што ќе   ѝ направите. Во зависност од тоа колку долго, непотребно и незаштитено сте ја изложувале на штетните сончеви зраци, таа кога-тогаш ќе ви врати со појава на темни флеки на лицето, појавување на брчки, стар изглед на кожата. Затоа, секогаш во лето користам креми со заштитен фактор, а за светол тен како мојот, идеален е факторот 50. Одлична во овој период ми е OZONE GOLD SUN CREAM SPF 50, која има лесна текстура и што е најважно, знам дека ја имам идеалната заштита од  штетното влијание на сонцето.

Ozone gold кремата за сонце СПФ 50 има  интензивна формула која што ја одржува кожата влажна, својство кое дополнително помага во летниот период, УВА и УВБ заштита со фактор 50 идеален за мојата светла и нежна кожа, но и озонирано маслиново масло кое има антибактериски својства кои со секое нанесување ја чистат и „дезинфицираат“ кожата со што и се заштитува од несакани воспаленија или состојби. 

комерцијална објава

Back to top button
Close