Заев би разговарал за владина колиција само доколку ДУИ се откаже од уцените

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашниот дуел на ТВ 24 со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека би разговарал со ДУИ за формирање влада по изборите ако се откаже од условот нивниот кандидат, Насер Зибери да биде премиер.

„Уцената дека ДУИ ќе влезе во влада со таков услов не смееме да ја дозволиме. Прво граѓаните се единствени кои ќе одлучат кој ќе биде иден премиер, СДСМ ќе има најголем број на пратеници, секако верувам дека можеме да дојдеме и до 60 и повеќе пратеници“,изјави Заев кој посочи дека нема проблем со етничката припадност туку со уцените на ДУИ.

Со сличен став излезе и Мицкоски порачувајќи дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде мандатар со тоа што ќе го дадат својот глас на избори и дека тоа не се договара на маса.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тој би формирал влада со секоја партија која ќе ја прифати нивната програма.

Во текот на дуелот, Заев рече дека е спремен и да отстапи пратеници од неговата коалиција кои ги поддржале малцинска влада на ВМРО-ДПМНЕ само да се преговара под уцени.

„Јас сум спремен да му отстапам 13 пратеници на Мицкоски за да формира малцинска влада или ќе барам од него да отстапи 6 за да формираме ние малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара“,рече Заев.

На ова Мицкоски возврати дека математиката на Заев е лоша, зошто на неговата коалиција би ѝ фалеле еден или двајца пратеници за да го има мнозинството во парламентот, а не 13 пратеници.

„Јас би кажал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада, постојат луѓе кои се дел од коалицијата ’Можеме‘ кои евентуално во иднина ќе ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски посочувајки му на Заев дека тоа ќе го види по 15 јули.

Back to top button
Close