Заев за српски Kурир – Во Србија продавав лубеници и сушени пиперки и така ги заработив првите милиони

Македонскиот премиер Зоран Заев за српски „Курир“ ја раскажа својата животна приказна. Откри дека во младоста продавал лубеници, пиперки и домати на пазарот до Горњи Милановац, а и дека првите заработени милиони му се повразани со Србија.

-Првата голема заработка – 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана.

 

И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, вели Заев.

 

Секое струмичко село имаше по еден град во Србија каде луѓето традиционално продаваа производи. Муртино беше доминантно во Горњи Милановац. Едно лето бев и на Каленич во Белград, но традиција е традиција, се вративме во Горњи Милановац. Некои пет-шест лета со дедо ми и стриковците, а некој пат и сам одев на тој пазар. Убави пари заработувавме, вели Заев.

Појаснува дека од тримесечна работа за време на летните месеци семејството направило куќа на четири ката.

За првата љубов од Горњи Милановац, извесна Јелена, вели дека ја запознал во кафуле.

-Исто годиште сме. Доаѓаше и кај нас на пазарот. Тоа траеше барем две и пол години.

Секое лето одев во Горњни Милановац, но помеѓу летата тешко беше да се воспостави врска во тие 1989-1990. Таа имаше фиксен телефон, но таму кадешто живеев јас немаше телефони. За среќа, имаше телефонски говорници. Еднаш дојде и во Струмица.

И моите и нејзините родители сфатија дека тоа е детска љубов, повеќе како да сме некои другари. И тогаш далечината го направи своето. Во 1993 се запишав на факултет во Скопје и ги почнав студентските обврски. Знам дека сега живее и работи во Белград, дека има свое семејство, деца. Случајно се слушнавме пред пет-шест години. Но тоа ми беше прва љубов, не се заборава, вели Заев.

Back to top button
Close