Загина синот на израелскиот министер во експлозија на бомба во тунел во Газа

Синот на израелскиот министер без ресор и поранешен началник на армијата Гади Ајзенкот е убиен во борбите во Појасот Газа, изјави денеска лидерот на Партијата за национално единство, Бени Ганц.

Израелската армија не соопшти конкретни детали за смртта на Гал Ајзенкот (25), освен дека тој бил убиен во борби во северниот дел на Појасот Газа, објави Ројтерс.

Заедно со цел Израел ја испраќам мојата поддршка до Гади и целото негово семејство. Сите ние сме посветени да продолжиме да се бориме за светата кауза за која загина Гал – рече Ганц.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати телеграма со сочувство на Гади Ајзенкот.

Ајзенкот и Ганц ѝ се придружија на владата веднаш откако Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври.

ИДФ објави дека двајца резервисти биле убиени за време на борбите во Појасот Газа, со што бројот на загинати војници во копнената офанзива се искачи на 89.

Ајзенкот ја доби веста за време на турнејата на јужната команда на ИДФ заедно со Ганц претходно денеска. Гал Ајзенкот бил убиен откако бомба експлодирала во тунел во близина на војници во кампот Џабалија во северниот дел на Газа.

Тој во тешка состојба итно бил пренесен во болница во Израел, каде што починал од повредите.

 

Back to top button
Close