Закани за поставени бомоби на повеќе локации во Загреб: Евакуирани трговски центри и судови  

Поради дојава за поставени бомби во Загреб, евакуирани се трговски центри и судови, пренесуваат хрватските медиуми.

Полицијата го евакуираше просторот кај Велесајм, трговскиот центар Авенија мол, како и два други суда во Нови Загреб.

Од полицијата потврдија дека во тек е проверка на терен, јавува Дневник.хр.

„Евакуација во Авенија мол, сите мораа да се евакуираат, полицијата разговараше со обезбедувањето на приземјето. Беше кажано дека евакуацијата е поради пожар, но најверојатно се работи за дојава за бомба“, изјавија за Индекс.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close