Зекири, неговата сопруга и ќерка се хоспитализирани на Инфективната клиника

Министерот Венко Филипче во одговор на новинарско прашање потврди дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечната ќерка кои се позитивни на Ковид-19 се хоспитализирани. Тие се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје.

„Тие се во добра здравствена состојба, стабилна форма на болеста, само со висока температура“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање каква е здравствената состојба на јавните личности кои беа во контакт со Зекири, и каква е неговота состојба и на неговото семејство, Филипче рече дека нема сознанија за други хоспитализирани, освен за Зекири.

– Се тестираат луѓе во таа група, тој кластер. Дел од резултатите беа готови, дел од тие контакти кои Центарот за јавно здравје ги идентифиукуваше, не само за него, туку и за сите други семејства, четири-пет во таа општина, се делумно готови, а дел ќе бидат готови денеска и со тоа ќе се заокружи три четвртини од тој кластер во таа Општина, изјави Филипче.

Back to top button
Close