Зеленски ги критикува меѓународните партнери бидејќи се „на одмор“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше претставниците на партнерите на Украина од меѓународната заедница бидејќи зеле летни одмори додека неговата земја се бори за својот опстанок.

 

– Во последните две недели, Европа и целиот свет – кој ни помага – беа на одмор – се пожали Зеленски денеска пред новинарите, јави ДПА.

 

Тој рече дека Русија го искористила тоа време за да изврши напади врз украинската инфраструктура, делумно за да го наруши почетокот на училишната година, кој денеска беше одбележан низ целата земја.

 

Зеленски ги обвини западните партнери за практикување „дипломатија според учебник“. Нивниот пристап, рече тој, беше: „Ако е време за одмор, тогаш е време за одмор“.

 

За него, сепак, тоа беше „многу непријатна реалност“. Тој повеќепати побара помош од меѓународната заедница во изминатите недели.

 

Зеленски не прецизираше на кого мисли. Пред нешто помалку од една недела, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, британскиот премиер Енди Барнам и други лидери отпатуваа во Киев за Денот на независноста на Украина.

 

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон учествуваа во разговорите преку видео врска, ветувајќи дополнителна помош.

 

Украинскиот главен град во изминатите неколку недели особено беше под интензивирано руско бомбардирање со дронови и балистички ракети.

 

Киев повеќепати ги повика своите западни партнерски земји да ги зголемат испораките на муниција за системите за воздушна одбрана, кои се во недостиг.

 

Украина се брани од руската инвазија повеќе од четири и пол години.

Back to top button
Close