Зеленски нареди да се формира специјален огранок на украинските сили за дронови

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска нареди формирање на специјален огранок на украинските вооружени сили за беспилотни летала.

Зеленски потпиша декрет со кој ја повикува владата и генералштабот на вооружените сили да разработат прашања за формирањето на тие сили.

Во ноќното видео обраќање Зеленски посочи дека тоа не е прашање за иднината, туку прашање кое наскоро мора да даде конкретни резултати и оти оваа година мора да биде одлучувачка во многу аспекти, вклучително и на бојното поле

Back to top button
Close