Зеленски: Носам пиштол и знам да пукам
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервјуто емитувано денеска за украинската телевизија призна дека носи пиштол и знае како да го користи.
„Знам да пукам. Можете ли да замислите (наслов како) „Претседателот на Украина заробен од Русите?“ Тоа е срамота. Верувам дека тоа би било срамота“, изјави Зеленски за украинската телевизија 1+1.
Тој додаде дека се борел заедно со своите најблиски соработници кога Русите го нападнале неговиот штаб во Киев на почетокот на војната, пренесува Ројтерс.
Во првите денови од нападот на таа земја, украинските власти тврдеа дека руските разузнавачки единици се обиделе да влезат во Киев, но биле поразени и не стигнале до улицата Банкова во центарот на градот, каде што се наоѓа кабинетот на претседателот.