Земјите членки на ЕУ сакаат заеднички кандидат за претседател на СТО

– Земјите членки на Европската Унија изразија желба да предложат заеднички европски кандидат на функцијата претседател на Светската трговска организација (СТО), при што, се споменува сегашниот еврокомесар за трговија, Фил Хоган.

-Мнозинството земји членки на ЕУ со согласија дека треба да се испрати единствен европски кандидат, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, по министерскиот состанок на ЕУ посветен на трговските прашања.

Сегашниот еврокомесар за трговија, Фил Хоган, потврди дека е заинтересиран за функцијата на чело на СТО, но потребни се дополнителни преговори помеѓу земјите членки на ЕУ за да се одобри неговата кандидатура.

Бразилецот Роберт Азеведо кој сега раководи со оваа организација заминува на 31 август, една година пред истекот на неговиот мандат.

Европската Унија смета дека е потребна реформа на правилата на СТО а се соочува со трговски тензии со САД и Кина и би било во интерес на континентот Европеец да застане на чело на организацијата. Меѓутоа за тоа да се случи потребна ќе биде согласност од сите други земји членки на СТО. Земјите во развој, посебно на африканските земјите, сметаат дека е потребно идниот шеф на организацијата да биде од овој континент.

Back to top button
Close