Земјотрес со интензитет од 6,2 степени го потресе северниот јапонски остров Хокаидо

Нов земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран во Јапонија, на подрачјето на островот Хокаидо, соопшти германскиот Центар за геолошки истражувања.

Епицентарот бил на длабочина од околу 80 километри, а засега нема нема пријави за жртви или предизвикана  материјална штета.

Хокаидо е најсеверниот и втор по големина јапонски остров. Не е издадено предупредување за цунами, а епицентарот бил во слабо населен регион, на околу 200 километри источно од Сапоро. Сепак, нагласено е дека во областите погодени од посилни потреси постои ризик од појава на одрони и свлечишта.

Пред една недела во Јапонија беше регистриран уште посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени, што го потресе североисточниот дел од земјата. До населението на крајбрежните подрачја беше апелирано на зголемена претпазливост поради можни цунами бранови. Епицентарот на тој земјотрес беше регистриран во Тихиот Океан, на длабочина од околу 10 километри.

Јапонските власти тогаш предупредија дека постои можност за уште посилен земјотрес со магнитуда од осум степени или повеќе.

Back to top button
Close