Земјотрес во Албанија со интензитет од 4,3 степени по Рихтер
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтер, вечерва е регистриран во албанскиот приморски град Валона.
Потресот е почувствуван во 19:29 часот со епицентар во местото Вајза, округ Валона, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета.