Земјотрес во тетовско-гостиварското подрачје – почувствуван и во Скопје,Дебар, Кичево, Маврово

4,9 степени по рихтер е регистриран земјотрес во Македонија во 22 часот и 17 минути со епицентар кај Мавровско езеро. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 10 километри во близина на Мавровско езеро.
Претходно Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 12.03.2021 година во 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50km југозападно од Скопје.
Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.






