Зголемено насилство врз жените во Јужна Африка

Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса изјави денеска дека изминатава недела за неговата земја била „мрачна и срамотна“, по порастот на насилството врз жени.

Изјавата е дадена по убиството на неколку жени, вклучувајќи и една жена во осмиот месец од бременоста, која е пронајдена избодена и обесена на дрво.

Рамафоса нагласи дека овие убиства се извршени откако се укинати некои од рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на новиот коронавирус, меѓу кои и забраната за продажба на алкохол, истакнувајќи дека културата на молчење за родово засновано насилство мора да престане.

– Родово заснованото насилство успева доколку се молчи. Со молчењето, гледањето на друга страна, бидејќи сметаме дека тоа е лична или семејна работа, стануваме соучесници во ова најгрозоморно злосторство, додаде Рамафоса.

Back to top button
Close