Зибери: На погребот имало 200 души, семејството на покојникот со Ковид 19 не сака да се тестира

Директорот на Институтот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери за ,,Слободен печат” тврди дека семејството на покојникот кој починал во една приватна клиника, а кој бил закопан со верски и народни обичаи а не по протокол за Ковид 19, иако посмртниот брис му бил позитивен, не сакало да соработува со епидемиолозите и да се тестира, иако на погребот имало околу 200 присутни луѓе.

-Никој од семејството не е тестиран, мораме да викаме полиција и Државен здравствен и санитарен инспекторат. Велат дека имале смртен случај немаат симптоми и не ги интересира оваа работа со коронавирусот. Не веруваат дека починал од коронавирус, зашто тие немаат симптоми. Па тие што се асимптоматски е најбитно да се изолираат и да се пронајдат, непостоењето на симптоми не е показател дека го немаат вирусот. Сепак не сакаат да соработуваат и да се тестираат. Проблемот е што многу луѓе не веруваат во постоењето на вирусот што е катастрофа. Да е само кај нас, ама не е, туку цел свет се бори со ова, вели доктор Зибери.

Повеќе на следниот линк.

Back to top button
Close