(ВИДЕО) Зибери: Во Скопје активни 659 случаи, најмногу во Чаир – 169

– Во Скопје во моментов активни се 659 случаи на коронавирус, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери.

Тој рече дека најголем број активни случаи има во Општина Чаир – 169, во Бутел – 63, во Гази Баба – 61, во Аеродром – 57, во Сарај – 56, во Карпош – 45, во Кисела Вода – 35, во Арачиново – 23, во Студеничани – 19, во Илинден – 18, во Ѓорче Петров – 20, во Шуто Оризари – 17, во Петровец – 6, во Чучер Сандево – 3, во Сопиште – 2, а во Општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран.

Од вкупната бројка на заболени во Скопје, како што рече Зибери, се регистрирани 1.332 случаи и 40 починати.

-Од сите активни случаи на територија на Скопје, многу важно е да се напомене дека 60 отсто од заболените, односно 360 лица се асимптоматски носители на вирусот, рече Зибери.

Додаде дека прават скрининг во градинки и домови за стари лица, каде што биле регистрирани неколку случаи.

Зибери апелираше да се почитуваат мерките, бидејќи само на тој начин ќе излеземе од оваа ситуација.

 

Back to top button
Close