Зошто беше толку голем празник 25 мај?

Приредби се одржува на плоштадите на сите тогашни републики, вклучувајќи ја и Социјалистичка Федеративна Република Македонија.

Денот на младоста беше празник во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), и се одбележуваше секој 25 мај, од 1945 до 1988 година. Овој празник се поврзуваше со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980), во првите години се славеше само како негов роденден, а во 1957 година на негова иницијатива стана Ден на младоста.

Главниот симбол на овој празник беше палката на младоста, која се носеше околу месец и половина низ целата територија на Југославија и му беше предавано на Тито на 25 мај на величествена приредба, која беше организирана на стадионот на ЈНА. Приредби се одржува и на плоштадите на сите тогашни републики, вклучувајќи ја и Социјалистичка Федеративна Република Македонија.

Младинската штафета е воведена во 1945 година, на предлог на младината на Крагуевац, како „Штафета на Тито“. Во првата штафета на Тито учествуваа 12.500 млади луѓе, кои трчајќи ја патеката долга 9.000 километри, на Тито му ги врачија првите девет палки и Сината книга со 15.000 потписи на младите од Шумадија. Тие први палки му беа предадени во Загреб, додека во следните години, до 1956 година, Тито лично ги прими последните носители на палката пред Белата палата во Белград, на што му претходеше свечен пречек на плоштадот на Републиката.

Во 1987 година на стадионот во Белград за последен пат се одржа манифестацијата Ден на младите.

Back to top button
Close