2020 нека цркне, да живее 2021
Ако 2020 година беше реплика од Алан Форд, тогаш веројатно таа ќе звучеше вака: Tko ne umre, preživjet će. Ние преживеаните (засега де), или барем тоа што остана од нас по месеци пандемија, имаме обврска да направиме сѐ за ова зло од година да не се повтори. Но, историјата (била таа школски предмет или не), нѐ учи дека секое зло ќе се повтори, сакале ние или не, што не смее да ни ја ускрати болката да ѝ фрлиме на оваа 2020 еден циничен мазохистички поглед, особено сега кога ѝ се ближи крајот. Сепак, бидете внимателни, зашто кога гледате во бездна и бездната гледа во вас (рекол другарот Ниче). Имајте предвид дека од 2020 остануваат уште двоцифрен број часови, а на оваа проклета година, за некое ново нејзино срање ѝ се доволни и минути, секунди… Ако нешто научивме за 2020, тоа е дека shit happens. Everyday. To everyone.

Во предвечерјето на раѓањето на новата 2021 година, и многу, многу поважно – на збогувањето со 2020, „Нетфликс“ излезе со својот седумдесетминутен сатиричен мокјументари „Смртта на 2020“, во кој на еден прилично бескруполозен, но мора да се признае – и духовит начин, нѐ потсети колку беше ужасно да се биде човечко суштество на планетата Земја во годинава штo изминува. Останете со оваа колумна до крај и вие ќе имате ексклузивна можност да евоцирате моменти што ќе ви го вратат оптимизмот во срцата – колку и да било лошо на Земјата, сепак, има една земја на Земјата, каде што било уште полошо. Се разбира, оптимизмот е условен, односно важи само ако не сте жител на таа земја. Тоа е дoбрата вест. Лошата е дека ако ја читате оваа колумна, вие сте, јебига, веројатно жител токму на таа земја.
Но, да не ви откриваме сѐ, што би рекол водител на македонска утринска програма, откако во најавата детално ви раскажал што сѐ ќе гледате.
…
Koлумната на Сашо Кокаланов во целост прoчитајте ја тука






