23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од заседата кај шарпланинското село Вејце во која загинаа осумина припадници на македонските безбедносни сили – четворица припадници на спацијалната единица „Волци“ и четворица припадници на посебната единица на полицијата од Битола.

На 28 април 2001 година беа убиени Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Масакрот се случил во 17:45 часот откако од заседа биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммината припадници на безбедносните сили.

Back to top button
Close