29 годишниот Aлександар Гавриловски е вториот пациент кој се лекуваше во Литванија денеска почина, потврди министерот Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека пациентот од дискотеката „Пулс“ кој почина во Литванија е Александар Гавриловски, кој имал 29 години.

„Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години. Беше од Градската општа болница упатен во Литванија. Неговата состојба беше тешка од почеток, а од 4 април се влоши повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа. Ова ни е втор пациент кој почина, од 193 кои ги третиравме. Имаме уште двајца критични пациенти“, рече Таравари.

Посочи и какви повреди имал.

„Александар имаше повреди, 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта, еден од потешките пациенти, од тие четири кои ги кажувавме критични. Другите двајца сега за сега се критични, но стабилни“, додаде Таравари.

Тој е втор пациент од критичните пациенти, кој беше третиран повеќе од три недели, но не успеа да се избори по тешките повреди.

Back to top button
Close