528 нови случаи на ковид-19, починаа 7 лица

Во изминатите 24 часа регистрирани се 528 нови случаи на ковид-19, починаа 7 пациенти, а оздравеа 327, информира Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, направени се 4.323 тестирања.

Податоците покажуваат дека најмногу од новорегистрираните случаи се од Скопје – 200, во Битола има 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и Пробиштип – по 9, Кратово и Демир Хисар – по 7, Тетово, Ресен и Валандово – по 6, Гостивар и Неготино – по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.

 

Регистрирани сe 327 оздравени пациенти.

 

Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани  7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63, 66, 74 и 78), 2 починати лица од Свети Николе (76 и 84) и едно починато лице од Кавадарци (65). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

 

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59 до 86 години, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

 

Направени се 4.323 тестови преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–38, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–312, Жан Митрев (Филип Втори)-98, Авицена-165, Биотек-255, Систина-72, лабораторија Лаор-237, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност–51, Генеа-6, Никоб лаб-366, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-50, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.919.

 

Досега во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на ковид-19.

 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.

 

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

 

Скопје 91300, активни 3859

 

Куманово 12622, активни 367

 

Тетово 11211, активни 211

 

Прилеп 9851, активни 435

 

Битола 8056, активни 650

 

Гостивар 8043, активни 49

 

Велес 7068, активни 368

 

Кавадарци 6644, активни 377

 

Штип 6415, активни 273

 

Охрид 6276, активни 228

 

Струмица 5974, активни 113

 

Кичево 4183, активни 106

 

 

Back to top button
Close