Во Албанија 44 нови болни од 291 тестирани
![]()
Албанското министерство за здраство соопшти дека продолжува да расте бројот на болни од Ковид 19. Во последните 24 часа од вкупно тестирани 291 позитивни биле 44 лица , и тоа најголем број на новозаболени повторно се во Тирана . Регистрирано е и едно лице кое починало од опвој вирус.
Албанскиот медиуми нагласуваат дека има рапиден раст на болните со оглед на бројот на тестираните лица . ,, Оваа е рекорден број на болни,, нагласува тирнаскиот весникот ,,Тема ,, кој се повикува на министерствоо за здраство на Албанија . Истиот извор нагласува дека министерството упатило апел до населението да ги почитува максимално мерките на владата , бидејки е во пораст бројот на болните од Ковид 19. Како клучни проблеми се наведуваат масовното собирање на луѓето и неносењето на заштитни маски.
Министерството информираше дека до сега бројот на позитивни на вирусот Ковид 19 во Албанија е 1375 од вкупно тестирани 19.652 . Бројот на активни случаи е 349 додека бројот на излекувани лица е 1оо1 . Животот го загбиле 35 лица болни од Коронавирус.
КМ






