Чешка до 2038 година ќе запре со ископ на јаглен

Чешката влада има намера до 2038 година да затвори рудници за јаглен чија употреба ја загадува животната средина и постепено да премине на обновливи извори на енергија.

Иако еколошките групи велат дека планот не е доволно амбициозен, министерот за индустрија Карел Хавличек вели дека станува збор за компромис

Тој ги објави плановите на владата да инвестира 16 милијарди долари во производство на енергија од други извори до 2050 година.

Чешка го поддржа планот на ЕУ да ја направи својата економија јаглеродно неутрална до 2050 година, откако беше договорено да се признае нуклеарната енергија како средство за борба против климатските промени.

Локалната индустрија во голема мера се потпира на употребата на јаглен, а електраните на јаглен сè уште произведуваат речиси половина од вкупната електрична енергија во Чешка.

Земјата има и шест нуклеарни реактори во две нуклеарни централи, каде што се произведува третина од вкупната електрична енергија и го финализира планот за изградба на друг нуклеарен реактор.

Back to top button
Close