Влатко Стефановски го претстави новиот албум: Сакам да сум полежерен одошто сум

Новиот албум на Влатко Стефановски „Тафталиџе шафл“ беше претставен како дел од вчерашниот онлајн новогодишен настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“.
Можеби ќе ве интересира

– Сакам да сум полежерен одошто сум и да сум порелаксиран одошто сум. Музиката што ја направив заедно со соработниците сакав да звучи опуштено со оглед дека сите сме под притисок од секојдневниот стрес од информациите што нè напаѓаат и електронските играчки коишто се преполни со шокантни вести. Најмногу уживам кога ќе пуштам некоја плоча, што често го правам, за да се исклучам и да се навратам кон некои помирни времиња – изјави гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски за албумот „Тафталиџе шафл“.

Се работи за весело и романтично музичко издание со девет нумери. Учествуваат и Никола Ристановски, Диран Тавитјан, Кирил Џајковски, кои го дадоа својот придонес и печат на албумот.

– Тафталиџе како населба е фанк-населба и секаде околу мене имаше некој од мојата генерација кој страсно собираше плочи и тој фанк или лајт џез преовладуваше. Во Тафталиџе во шеесеттите и во седумдесеттите години живееше една убава средна класа и тој лајт џез и фанк едноставно прилега на населбата – изјави Стефановски.

На настанот беше промовиран и спотот за песната „Огледало“ која е дел од овој нов албум.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close