Зима во Курбиново

Заштитата како  приоритет во политиките на Министерството за култура,требаше да се отелотвори во програмски активности за делување.Најавениот приоритет ги прескокна сите фази и  се пројави во конкретна видлива активност.Сите   проблеми поврзани со состојбата на културното наследство, (системски и тековни како охридскиот) се ставени позади параванот-Курбиново.Иако во процес на реализација на проект,црквата Св.Ѓорги во Курбиново,со прогласувањето за културно наследство во опасност, од министерството за култура е  таргетирана како замена за најавениот приоритет на заштитата  во целина. Или пак,така ги разбираат работите.Како да се испорачаат резултати  за краток  период,затоа што за ситемско решавање на проблемите е малку  еден министерски мандат? А времето е кратко.Затоа се посегна по сценарио!  Главниот лик  во ова сценарио е  црквата Св.Ѓорги во Курбиново. Со невидена брзина ја ставија  во категоријата културно наследство во опасност, го “овозможија” отпочнувањето на проектот за рестварација и ја номинираа на тентативната  листа  на УНЕСКО! БРАВУРОЗНО! Во само три чина, во првите сто дена од новата влада успеаа да постигнат резултати  за кои се потребни најмалку една до две години! Од овде се пајавува прашањето дали овој така претставен успех е реален ако се имаат во предви законските  процедури? Особено ако се има во предвид дека:

  1. За прогласување на културно наследство во опасност во членот 32 и 43 од Законот за заштита на културно наследство, се пропишани  јасно дефинирани  услови кои во ова фаза  Курбиново не ги исполнува.Но сепак е прогласено!Како е тоа постигнато?
  2. Спротивно на воспоставените принципи и стандарди во дејноста, работите на реставрација  на архитектурата во Курбиново,отпочнаа кон крајот на месец ноември со крајно осетливата фаза  на отстранување на фугите  и зајакнување на ѕидните платна.Во  седумдесетгодишната  реставраторска пракса кај нас, ваков  ризичен чекор не бил преземен,затоа што брзата реставрација  е крајно штетна и не е дозволена!Во оваа смисла реставраторските  работи  во Курбиново претставуваат  историски преседан!
  3. Прашањето за номинација,односно за стекнување меѓународен сатус е регулирано во Оддел 6,член 47, СТЕКНУВАЊЕ МЕЃУНАРОДЕН СТАТУС од законот за заштита н акултурно наследство,кој го предаваме во целост:1) Културното наследство од особено значење може да биде предложено за стекнување меѓународно признат статус или упис во меѓународен регистар согласно со ратификуваните меѓународни договори.(2) Одлука за номинација во смисла на ставот (1) на овој член донесува Владата на Република Македонија, по предлог на Министерството за култура и мислење на Националниот совет за културно наследство.  Според  став еден од  овој  член, пред отпочнување на постапката за номинација, на Курбиново требало да му биде обезбеден статус на културно наследство од особено значење! Како се  обезбедува овој статус?Надлежната институција за заштита,изработува Елаборат за ревалоризација  на црквата Св.Ѓорги во Курбиново, со предлог категорија од  особено значење и со соодветен  режим на заштита.Овој Елаборат се доставува  во Управата за заштита а од таму на мислење  на Националниот совет за културно наследство.По добиено позитивно мислење од Националниот совет за културно наследство, Владата на Р С Македонија донесува  одлука за прогласување! (член36 и41).Оваа постапка не е задоволена!
  4. Бидејќи црквата Св.Ѓорги во Курбиново нема статус на културно наследство од особено значење,формално правно не ги задоволува условите за стекнување на меѓународен статус,односно номинација за упис на тентативната листа на УНЕСКО.Тогаш како е номинирана?

Ако претходните културни  добра  се впишани на тентативната листа  на УНЕСКО според   постапката од член 41,зошто тоа не е направено и за Курбиново? И како можело да се случи вон процедура, на веб страната на УНЕСКО да биде ставена апликација чија кредибилност со право ја оспорува  дел од научната јавност?Дали ова има врска со нечија политичка кариера?

Зошто  е предвидена законска процедура и колку е значајно нејзиното исполнување може да се илустрира со бројни “феномени” од претходниот режим со кои сегашната влада тешко се справува.Патот вон процедура води кон волунтаризам,остваруваење лични  цели кои можат да бидат конспиративни, лукративни и сл.Но,генерално штетни за целото општество. Работењето и спроведувањето на одредени “мерки” вон процедура се штетни  и казниви а самото направено дело  е нелигитимно.Ваквата пракса го нарушува поредокот.Во однос на културното наследство, процедурите  значат гаранција за заштита на  наследството во целина и на поединечните објекти во сите процеси. Кога се излегува од процедурата автоматски се загрозува споменикот на култура. Без разлика на добрите намери,знаењето,потребите, итноста,мора доследно да се почитуваат процедурите затоа што само низ процедура може да се стигне до вистински резултати.

Каков парадокс се појавува!Токму државниот орган кој пропишува и спроведува процедури,предлага и се грижи за спроведување законите,во случајот со Курбиново ги заобиколува.Колку за пример,сите апликанти на конкурсите во Министерството мора да поминат низ процедура!

Со заобиколувањето на процедурите, црквата Св.Ѓорги во Курбиново не го доби адекватниот третман кој го заслужува и дополнително е доведена во ризик.Сето ова отвара многу други прашања од системски карактер,особено кога станува збор за  национален и државен интерес.

 

Back to top button
Close