Несигурноста во љубовниот однос може да предизвика постпородилна депресија кај мажите

Мажи, внимавајте! Ако сте новопечен татко и не сте сигурни во односот со вашата партнерка, тоа може да предизвика депресија, според новото истражување на Универзитетот Лунд во Шведска.
Истражувањата покажуваат дека машката постпородилна депресија е почеста кај мажите кои што се несигурни во односите со партнерката.
„Се чини дека ниската самодоверба во блиските односи предизвикува стрес кај родителите, што пак ги активира симптомите на депресија“, вели истражувачот Елиа Псууни, вонреден професор на Универзитетот Лунд во Шведска.
Според истражувањето, депресијата влијае на околу 10-12 проценти од новопечените мајки и најмалку 8 проценти од новите татковци. Како фокус на истражувањето биле земени причините за депресивните симптоми на татковците.
За потребите на истражувањето, објавено во списанието APA Psyc Net, истражувачкиот тим вклучил 530 нови татковци. Истражувачите велат дека 143 лица имале симптоми на депресија што ги упатило на понатамошна проценка. Од нив, 43 татковци опишале симптоми на голема изнемоштеност и 22 опишале многу сериозни симптоми.
Погодените мажи од депресија, честопати имаат негативен став за себе и се загрижени дека се неадекватни во нивните интимни врски; грижа што може да се заснова на искуства од детството со сопствените родители, изјавил истражувачкиот тим.
Истражувањето исто така открило дека мажите чии женски партнери страдале од постпородилна депресија биле застапени во преголем процент и дека многу малку од нив се обратиле до професионалец за да добијат помош.






