(Видео) Џамбаски: Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски станува Охрид

Европратеникот Ангел Џамбаски објави скандалозен спот на својот Фејсбук профил каде ги промовира соновите за Голема Бугарија, поткрепени од Санстефанскиот договор.
Според него, не може да се живее во 21. век без да се признае 20. век.
– Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистирично ја празите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај, вели Џамбаски меѓудругото.






