Жени, изградете бренд од себе и имајте успех во кариерата со овие совети

Зошто жените на врвот од бизнис хиерархијата се во помал број? Можеби затоа што жените не се свесни за моќта на личното брендирање.
Прочитајте ги следните совети за тоа како да изградите бренд од себеси и да имате поголем успех во кариерата:

Не молчете на состаноците

На состаноците, жените се помалку склони да зборуваат отколку мажите – тие обично зборуваат само кога ќе ги прашаат нешто. Иако ова е пример за љубезно однесување, тоа може да биде и погрешно разбрано. На пример, да се биде пасивен или да не функционирате како дел од тимот или, уште полошо, да немате ништо паметно да кажете.

Отсега натаму, погледнете го деловниот свет како ваша сцена. Надминете го стравот или срамот и самоуверено презентирајте ги своите идеи и мислења.

Не се потценувајте себе

Скромноста е доблест – но, не и на работа. Една студија покажува дека жените имаат тенденција да ги потценуваат своите достигнувања, додека мажите имаат тенденција да ги преценуваат своите.

Ако сакате да успеете во светот на бизнисот, променете го ова и започнете да се промовирате. Успешните деловни жени не ја оставаат својата кариера на случајностите, тие ги истакнуваат своите заслуги. На крај, ако не вие, кој друг?

Имајте доверба во себе

На жените им е тешко да се откажат од чувството дека не се подготвени или способни за нова задача или унапредување, доколку не ги исполниле сите услови. Мажите, пак, можат да имаат еднакви квалификации и да се чувствуваат прилично пријатно кога ќе им понудат унапредување. Научете го тоа од нив. И не грижете се, ќе научите сè што можеби не знаете во текот на работата. П.С. Подобро несигурноста да ја чувате за себе.

Внимавајте на вашиот стил

Ако деловниот свет е во корист на жените, тогаш тоа е во фактот дека можат да се изразат со облеката повеќе отколку мажите. Машката работна облека е како униформа, додека жените имаат скоро бесконечни можности за нивниот визуелен идентитет. Прифатете дека облеката, обувките, па дури и шминката испраќаат порака за тоа кој сте на работа. И во која било деловна активност – треба да испратите една порака – да имате авторитет.

Земете моќна поза

Неверојатно е колку е важна невербалната комуникација во деловниот свет и влијае на тоа како другите ќе нè доживеат, затоа, од таа причина, бидете претпазливи за говорот на вашето тело. Исправено држење на телото, посилни гестови на рацете или наведнување кон лицето со кое разговарате, ви кажува дека сте сигурни и моќни. Прекрстете ги рацете и тие ќе мислат дека сте слаби и дека сте одбранбени.

Back to top button
Close