Бугарски историчар: Ако С. Македонија влезе во ЕУ тоа ќе биде „тројански коњ на Русија“
„Соништата на Северна Македонија дека Европската унија ќе ја принуди Бугарија да ги пушти своите соседи во ЕУ нема да се остварат“, изјави за Бугарското национално радио , Кирил Топалов, член на заедничката бугарско-македонска комисија за образовни прашања.
„На Европската унија и е јасно дека таа земја не направи ниту еден чекор напред во однос на реформите од тој тоталитарно-комунистички модел на управување, што ја формираше Северна Македонија во поранешна Југославија. Таа е една од најмалку реформираните републики на поранешна Југославија“, рече експертот.
Доколку Европската унија изврши притисок врз Бугарија по ова прашање, тоа ќе биде погубно за стабилноста на Балканот. Во тој случај, „рускиот тројански коњ“ ќе стане дел од Европската унија, смета Топалов.
„Тоа ќе биде тројанскиот коњ на Русија и сите сили што сакаат да ја дестабилизираат Европската унија“, изјави експертот.
Според него, разговарајќи со бугарски членови на комисијата и македонски колеги, тие успеале да го разберат менталитетот на нивните соседи – населението не е подготвено да го смени својот став кон Бугарите.
Минатата година Бугарија не го одобри почетокот на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ и го повика Скопје да започне да го почитува Договорот за соседство потпишан со Софија во 2017 година и да ги исполнува условите на Бугарија да престане со говорот на омраза кон Бугарите и да не ја промовира идејата за Постоењето на македонското малцинство во Бугарија.
Новата бугарска влада соопшти дека ќе ја задржи постојната политика кон Македонија, но ќе продолжи да се стреми кон дијалог со соседите.