(Видео) Спални соби, бар и златен тоалет, вака изгледа авионот на Путин
Долгоочекуваната средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден се одржа вчера во Женева, а рускиот претседател пристигна во швајцарскиот град со луксузениот авион „Летечки Кремљ“.
Бајден пристигна на самитот со познатиот авион „Air Force One“, а она што е можеби помалку познато е дека авионот на Путин чини 390 милиони фунти (околу 455 милиони евра) и дека има дури и позлатен тоалет.
Авионот е дизајниран во неокласичен стил. Има сала за состаноци со позлатена маса опкружена со беж кожни фотелји.
Има теретана, бар и спални соби, а државните обележја се видливи низ целиот декор.
Како што е неопходно за авион кој превезува светски лидер, тој има и команден центар што може да се искористи за мобилизирање војници, кои можат да се користат за борбена ситуација кога Путин е во воздух.
Разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател се одржаа во средата во вилата „Ла Гранж“ и траеја помалку од четири часа, што е далеку помалку отколку што очекуваа советниците на Бајден.