Изречена казна од 3.000 евра за запалена депонија во Велес

– Државен инспектор за животна средина вчера изврши надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот. По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност

Исто така, издадена е и наредба за примена на законски пропишани технички услови – дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор, согласно Законот за управување со отпад.

Од Државниот инспекторат за животна средина соопштија дека ќе продолжат со надзори на општинските непрописни депонии и тоа во Пробиштип, Охрид, Струмица, Берово, Ново Село, Русино и секаде каде комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон.

-Известување до сите потенцијални загадувачи дека Инспекторатот повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции. Нема оправдување за пожарите на депониите, бидејќи граѓаните не смеат да дишат загаден воздух, се наведува во соопштението на ДИЖС.

Back to top button
Close