Таксист остана без возачката дозвола поради две пици со лук

TAXI in Ljubljana, Slovenia

 

Расправијата за две пици станала насилна во германскиот град Менхенгладбах, до тој степен што таксист соборил девојка кога таа не сакала да ја остави на патот.

Младa двојка си купиле пици со лук во саботата рано утрината, по ноќно излегување во Менхенгладбах. Кога одлучиле да си одат дома, таксистот прво одбил да ги прими поради силниот мирис, но се согласил. Сепак, по кусо возење го запрел автомобилот и им рекол да излезат со пиците, бидејќи му пречел силниот мирис.

Избувнала караница, наводно, со турканици и шлаканици, како што објави полицијата денеска.

Кога таксистот (49) сакал да си замине, девојката застанала пред автомобилот. Таксистот ја соборил на патот и побегнал со возилото.

Полицијата набрзо го пронашла возачот и му ја одзела возачката дозвола. Тој сега е под истрага за предизвикување сообраќајна опасност

Back to top button
Close