Во петок администрацијата ќе работи само 4 часа
Овој закон е објавен е на ЕНЕР и истекува рокот за коментари, а го подготви Министерството за информатичко општество и администрација. Членот 55 се однесува на работното времеи се предвидува дека полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон или колективен договор поинаку не е утврдено.
За неполно работно време на административците ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, пишува во законот кој беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.
Во моментов во приватниот сектор речиси во секоја фирма се работат по повеќе од 40 часа неделно, вклучувајќи саботи и недели.