(ВИДЕО) Кацарска: Дали некому можеби му одговара Уставниот суд да биде во ваква ситуација!?
Односот на пратениците е несериозен, оцени денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, коментирајќи повторно за „десеткуваноста“ на институцијата што ја предводи и неизбирањето нови уставни судии, поради опструкции во парламентот.
Кацарска се сомнева дека некому можеби и му одговара Уставниот суд да функционира во чесиси преполовен состав, што, како што вели, влијае на теѓината на одлуките што се носат.
„Повеќе пати сум кажала дека ваквиот однос на пратениците е несериозен, како повеќето од нив да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд. Поради тоа во последно време си го поставувам прашањето дали можеби некому му одговвара Уставниот суд да е во ваква ситуација“,
вели Кацарска .
Претседателката на Уставниот суд вели дека единствената надлежност што ја има Судово делот на неговата кадровска поставеност е да го информира претседателот на Собранието пред завршувањето на мандат на судија, за да се именува нов уставен судија. Кацарска потсето дека тоа е направено уште во април минатата година (пред завршувањето на мандатот на тројца судии), а потоа, во неомври, и таа испратила известување до Талат Џафер дека истекува мандатот на судијата Јован Јосифовски. Но се досега Собранието, преку Комисијата за избори и именувања, не успеа да предложи, а потоа и да избере четворица нови уставни судии. Во меѓувреме, Кацарска упати и апел до Џафери да го искористи својот авторитет за да се забрза комплетирањето на Судот.
Следна на која и истекува мандатот во Уставен суд (кон крајот на оваа година) е судијката Вангелица Маркудова. Кацарска вели дека кога Уставниот суд би останал со уште еден судија помалку, односно со само четворица од вкупно девет судии, тоа би значело негова целосна парализа и блокада во работењето.