Промената на чаршафите, не го прават борделот функционален !?
Ништо нема да постигнете, ако, во борделот, ги промените само чаршафите, а не и персоналот!
“Публиката!” и натаму нема ви доага – само поради чистите чаршафи!

Поединци, загрижени стружани, предлагаат да се промени терминот за одржување на светскиот поетски фестивал – “Струшките вечери на поезијата”, да биде порано, со надеж, дека, како некогаш, ќе се туркаме до подобра позиција, од двете страни на Дримот, за да ги видиме и слушнеме поетите, на завршната манифестација “Мостови”.
Не, терминот си е добар. “Струшките вечери на поезијата” ги граделе великаните на македонското поетско и литературно создавање. Како непосредни раководители, оперативни извршители, како министри за култура…
Направете споредба: помегу некогаш и сега и се ќе ви биде јасно.
Великаните на македонската поетска мисла и музичко создавање,точно пресметале кога треба да започне фестивалот “Охридско лето”, а кога, во континуитет, да продолжи културното живеење, во соседна Струга, со припомош на Охрид, за претпоследната вечер, со чинот на предавањето на поетскиот портрет на славодобитникот, лауреат – носителот на “Златниот венец”.
Така беше и годинава, но споредба со некогаш, е невозможна. Не е виновен терминот за тоа што годинава, на предавњето на портретот на јапонскиот поет Шунтаро Такинава, во првиот ред, немаше ниоту едно официјално лице.
Некогаш тоа беше незамисливо без министерот за култура, премиерот, понекогаш – шефот на државата.
Се сеќавам, кога, во 1990 година, штотуку осамостоени како независна и суверена држава, славодобитник беше великиот шпански поет (македонски зет и потврден пријател на Македонија) Хусто Хорхе Падрон. Во првиот ред Киро Глигоров и Никола Кљусев.
Кога највисоката научна и културна манифестација во земјата, ја бојкотирате, поради ставовите на првиот човек и со него јавно се конфоронтирате од највисоки државни позиции, тука нема аир и радост за нацијата!
Некогаш, тука доагале првите државни глави на земји, чии поети го понеле “Златниот венец”. Од Бугарија за Левчев, од Србија за Десанка Максимовиќ. Со “кнедла во грлото!” (подолу ќе видите зошто – кнедла!?), тука беше и Слободан Милошевиќ !
Зошто е тоа така? Затоа што е незамислива и споредбата на персоналитетот на некогашните и сегашните министри. Партиите, ситуацијата ја доведоа до лакрдија. Како можете да замислите дека, на таа позиција седеле академик Цветан Грозданов…. и персоналитети од последниве години. Денес, или, вчера, оние што се одзиваа на Ганка, или Бетка!
Тоа е навреда за некогашните великани.
Како можете да замислите дека на позицијата директор на “Охридско лето”, седел еден шупелкар, продадена душа која денеска се рашетува по софиските улици!? Убаво рече Љубчо со “Б”. Половина од Извршниот комитет беа со бугарско чувство!!!
Некогаш и денес – небо и земја! Партиите, наместо компетенции, на врвни позиции носат персоналитети, чија главна одлика и портфолио се партиската книшка, послушноста, самосвиткувањето, додворувањето, климоглавството….
“Мене можеш да ме скршиш, но не можеш да ме свиткаш” !!!
Насекаде доминираат свиткувачките, нема место за скршувачките!
Суетни, самобендисани, а всушност – празни!
Како може да се каже дека “во Охрид, од културен и туристички аспект, “се почнува и завршува со “Охридско лето” !? Тоа го слушнавме на свеченото затворање!!!
Никој не порекнува дека “Охридско лето” и “Струшките вечери на поезијата” се двете врвни, светски – а наши, културни манифестации. Нашиот прозорец – од нас кон светот, и, од светот кон нас. Взаемо, (северено од нас велат), “прожимање” на културните и естетските дострели.
Но, не е доволно да се повикате на американскиот поет Роберт Фрост: („Секоја песна започнува со кнедла во грло“), за, и вие, со “кнедла!”, да го започнете и завршите говорот на свеченито отворање на СВП! Вие сте истовремено и политичка личност. Некој ќе ве чуе, некој нема да ве дочуе. Особено ако сте во директен телевизиски пренос, та некој таму, во некое забитие, ќе ја прочита метафората на свој начин.
Заклучокот е: или тој – писателот, не го знае значењето на зборот-метафората, или, пак, вие не сте го препрочитале неколку пати она што ви го подготвил, тој, некој друг!
Зборовите се употребуваат со внимателност.Крајна внимателност!
Нам кои не учел непосредно Блаже Конески, добро сме разбрале што значи кога еден великан ќе ви каже “зборовите се како незауздан коњ”. Го пушти, тешко одниово ќе го фатиш и вратиш назад!
Ние што сме добивале, или сега добиваме одговорни функции, особено во доменот на куклтурата, образованието и слично, немаме право, во јавната комункација, кога ламентираме за “слободата на говорот и јавното мислење” (цит. “Мислењето е како задникот не се (по) кажува секаде”), а “простотилакот може да биде и дозволен во моабет во 4 очи со најблиските”).
Тоа е навреда за нацијата!
Ништо не почнало, ниту, пак, завршило со нас. Нема сезнајни. Но кога сте на висока функција, пореските обврзници издвојуваат и за вашите лагодности, но и за вашите одговорности. За она што не знаете, имате правo на советници. Но, немате право да истрчувате во јавниот простор, пред да го консултурате, на пример советникот, достоен со знаења за средновековната ликовна уметност и фреско-сликарството.
Инаку, ќе го касжете, она што можевме да го слушнеме за украдените и во Албанија однесени икони! Тие беа откриени, од стручни лица, евидентирани каде се (и без вас!), ама сега (и со вас!) повторно ги нема.
Не е срамота, ако јас не можам, да побарам помош од повисоко ниво.
Срамота, а и греота е, ако јас мислам дека се знам и се можам!
А ништо не можам!!! (Крај)
Веле Митаноски





