Македонец починал откако му се слошило по нуркање на хрватскиот остров Вис

Областа Бриони кај Вис е меѓу најатрактивните области за нуркање во Јадранското Море, каде што доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство
Македонски државјанин починал откако му се слошило додека нуркал во областа Бриони кај малиот хрватски остров во Јадранското море, јави Индекс.

Веднаш била испратена брза помош да интервенира, но нуркачот веќе починал. Трагедијата се случила денес околу 11 часот во близина на островчето Равник, на 500 метри од заливот Рукавац на Вис.

Областа Бриони кај Вис е меѓу најатрактивните области за нуркање во Јадранското Море, каде што доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.

Back to top button
Close