Османи: Нема платени реклами за претседавањето со ОБСЕ, станува збор за стручна поддршка
.ОБСЕ е најголемата регионална безбедносна организација на светот. Добивме шанса една мала земја да ја предводи најголемата регионална организација во која се членки и САД, и Русија, и Украина и сите земји на Европската Унија и Централна Азија – 1,3 милијарди луѓе. Организацијата која ги претставува овие луѓе, ние ќе ја предводиме во текот на оваа година и целта ми беше да не биде тоа само претседавање на Министерството за надворешни работи, туку целото општество да се вклучи во ова, бидејќи е одлична можност да ја претставиме Северна Македонија во текот на оваа година. Сите кои претседавале ја искористиле можноста да ја промовираат својата земја и тоа беше идејата на таа еднонеделна кампања во која воопшто не го претставувавме Министерството, не ги претставувавме политиките на Владата, туку ОБСЕ, со цел да ги вклучиме сите, појасни министерот.