Спасовски за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија за 27 април: Јас сум против
„Јас го немам видено законот, меѓутоа по самиот наслов, јас сум апсолутно против. Зошто, поради тоа што сметам дека вие се сеќавате на 2012 година, се сеќавате на 24 декември кога практично од државата не од граѓани, туку од државата преку злоупотреба на полицијата, полициските службеници, беа исфрлени и пратеници и новинари само за да може да се донесе буџетот за задолжување и никој не презема ниту една мерка со која ќе се истражи тој случај, ќе се утврди одговорност, дали е тоа дисциплинска, кривична или политичка одговорност, ако сакате. И тогаш укажував во Собранието дека ако остане состојбата ваква како што е и да имаме неказнивост, дека е можно да ни се случи нов таков проблем и, за жал, ни се случи на 27 април 2017 година кога беше нападнато демократското уставно уредување на Република Северна Македонија“,вели Спасовски.

На новинарската констатација дека веќе имаше амнестија за дел од учесниците во „крвавиот четврток“, Спасовски вели: