Суперстарс зделка

Кога два дена за ред во вашата земја, турнеја имаат суперстарс од типот на Борел (комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ), Вархеји (комeсар за проширување) и Ескобар (специјален пртставник на САД за Западен Балкан) тоа воопшто не е наивна работа.  Очигледно е дека на Балканов се “кува манџа” од која или ќе се отруеме или ќе се опраиме. Но, што ќе се срка на балканите, секако зависи и од нашето севкупно однесување.
Како и да е, придобивките за нас од оваа посета може да се протолкуваат како “ветер во грб”  за да го забрзаме нашиот развој, но  и да внимаваме какви намирници користиме во манџата. Стари и бајати намирници не се препорачуваат во услови на актуелнава војна во Украина. Уште поважно добивме и “по уши” опоменување дека Балканакот сè уште e плодна почва за поткусурување на путиновите аспирации и дека не е баш најпаметно да кокетираме со евроатланската  агенда за регионов, затоа што така може да се заиграме со кибритчиња, а тоа не и е во интeрес на западната хемисфера!
Поенче плус и охрабрување за нас, стигна реално, зато што сме и референтен пример за мирно решавање на спорови (особено Охридиски и Преспански договор, тука се издвојуваат како позитива ) и тоа е супер. Па, затоа, имено, и преговарањето меѓу Курти и Вучиќ се одвиваше токму во Охрид – со очекување дека гравитационата сила на македонскиот помирувачки дух ќе  ги закачи и нив. Сега за сега – има добар ефект!
Треба да ни е кристално јасно дека Балканот фукционира како сврзани садови, особено кога има потреси и нарушувања на безбедносната сфера и токму затоа решавањето на недовршените мировни дејствија на Балканот мора конечно да се обедини во една синхронизирана акција и решенија каде сите ќе бидат “малку несреќни” ама крив ќе им биде некој друг, што е одличен рецепт за суштинско помирување.
Значи, на Ковачевски, како Премиер на РСМ, му се даде уникатна можност да претседава со состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ, и воедно второ, на земјава и се пружи прилика за поголема видливост, по повод преговорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, затоа што беше домаќин на таа особено важна операција. И од мене, искрени честитки за оваа операција и лобингот поврзан со тоа.
Но, ајде сега да видиме колку чини оваа посета и дали е без цена, или како што кажа “апла” Борел: “Оваа година е клучна и ова е најдобрата ЗДЕЛКА што може да ја добиете”  и ”не е реалистично да очекувате дека преговарачката рамка повторно ќе се отвори”(…) ”Сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека”…
Кој не сфаќа, еве да појаснам ова е недвосмислена порака до опозицијата – да не си дозволи да го кочи европскиот пат и да не ги лаже граѓаните дека нова преговарачка рамка е можна! Да, во едно крајно автодеструктивно сценарио, се согласувам дека е можна но, верувајте, ќе биде далеку понеповолна од оваа што ја имаме сега! Драматично самоуништувачка.
Постојат многу историски примери каде испуштената прва шанса на некој земји многу скапо ги чинела!
Интересното е дека од суперѕвездите, освен што беа упатени пораки до опозицијата има и една значајна порака и до власта, испратена од Вархеји, кој опомена дека имаме одговорност да ги забрзаме реформите поврзани со независното судство, со владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и особено битно, дека одговорноста за ова посебно лежи во Владата и Собранието.
”Треба и Владата и Собранието да ја забрзаат работата на реформите“ рече овој човек – главен за проширувањето .
Значи да резимирам, пораките до нас се многу јасни и концизни:
1.     Уставни измени –  час поскоро и национален консенсуз за членството на РСМ во ЕУ!
2.     Терминална борба со корупција, криминал, реформи во судство и владење на право!
Оттука, пак се враќаме не почетокот и клучното прашање: кому му одговара да сме надвор од евроатлантскиот прогресивен свет, и конечно, кому му одговара неодлучна и скромна пресметката со криминалот и корупцијата?
Ана Чупеска

Back to top button
Close