ЕК: Втор бран на епидемијата е неизбежен

– Втор бран на епидемијата на Ковид-19 е неизбежен, изјави денеска еврокомесарката за здравство Стела Киријакидис и додаде дека е важно на следниот карантин да му се пристапи попаметно.

ЕК претстави краткорочни мерки за зајакнување на подготвеноста на европските здравствени системи за нов бран на коронавирусот.

Според препораките на Европската комисија, националните мерки против епидемии мора да бидат прилагодени на карактеристиките на населението, вклучително и културолошките, со цел јавноста да има доверба. Ова не е најсветлиот момент за ЕУ изјави потпретседателот на Европската Комисија Маргаритис Схинас во врска со неисполнувањето на претходните препораки на Комисијата.

Според ЕК, неопходна е постојана будност и подготвеност за брзо дејствување од нејзина страна и од страна на земјите од ЕУ за да може да се контролира ширењето на болеста и да се избегнат новите целосни ограничувања на слободата на движење.

Секоја година, сезонскиот грип врши притисок врз европските здравствени системи, затоа ги повикуваме земјите на ЕУ да размислат за преземање на активности за да го спречат тоа, на пример со зголемување на пристап до вакцини, со порано започнување со кампањи за вакцинација и со проширување на обемот на овие кампањи, со јавна набавка за на лекови, соопшти ЕК. Наскоро се очекуваат насоки за сето ова од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Киријакидис рече дека ЕК сè уште преговара со производителот на лекот ремдесивир, што го забрзува закрепнувањето на пациентите со коронавирус. Според неа, лекот е доставен во ЕУ, а новите количини, за кои сега се преговара, ќе бидат распределени меѓу европските земји по потреба.

Back to top button
Close