Се заканувал дека ќе направи масакар како напаѓачот во Белград: Полицијата во Сремска Митровица уапси малолетник

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија синоќа во Сремска Митровица уапсија четиринаесетгодишник од Лачарк, поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста.

Постои сомневње дека на социјалните мрежи објавил фотографија од осомничениот за убиството на осумте деца и обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со порака дека ќе го стори истото.

Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица, соопшти српската полиција.

Back to top button
Close