„Девојчето кое умееше да сака“ – не избегала пред куршумите туку трчала да го спаси малото братче
Трагедијата во Врачар, во која момче-убиец уби осум негови соученици и училишен чувар, а рани уште седуммина, ја зави Србија, но и регионот во црно. Никој не е рамнодушен на оваа невидена трагедија.
Професорката по српски јазик. Верица Ракоњац Павловиќ, напиша потресен текст за девојче од Врачар, кое трчала пред убиецот за да го спаси својот брат.
Текстот за „девојчето кое умее да сака“ од ОУ „Владислав Рибникар“ и које си го ризикувало животот за да го спаси својот брат го опишала како апел да се зборува и пишува повеќе за вакви работи. Емотивните зборови допреа многумина, а текстот го препишуваме во целост.
„Љубовта на сестрата за братот“
„Велат дека момчето – убиец е од добро семејство и дека бил одличен ученик… Ниту е од добро семејство, ниту е одличен ученик, иако ги имал сите петки… Добро семејство е единствено она во кое има љубов меѓу членовите на семејството и љубов кон другите луѓе, а сите други семејства се, за жал, повеќе или помалку лоши и тоа влијае на психата на секое дете и не може да се надомести со ништо.
Одличен ученик не е оној што ги добива сите петки, туку оној што е разумен, поразумен од другите деца.
На другата страна од ова дете кое не сака никого, (за жал честа појава кај децата и возрасните во денешното време на отуѓување), се наоѓа девојче кое со неверојатна присебност успеа да се спаси, да избега од училницата. Воодушевена сум од нејзината храброст да се помести од местото пред убиецот кој пука на сите страни, а потоа да дотрча од четвртата клупа до вратата и да истрча од училницата… Таа училница се наоѓа на приземје недалеку од излезот од училиштето…кога веќе беше толку прибрана и храбра да истрча од училница, логично би било да се спаси и да трча кон излезот од зградата и… да побара помош на улица или кон канцеларијата на директорот и наставникот. Сето ова се наоѓа во близина на канцеларијата за историја, десно долу во ходникот, веднаш зад аголот..
Но не…не истрча кон излезот од училиштето до кој ќе стигнеше многу брзо… Истрча лево, во спротивна насока, кон друг ходник, кон комплициран премин со тешки стаклени врати и бројни скали, каде убиецот лесно можеше да ја стигне ако ја следеше… трчаше низ многу долг празен коридор, кој ги поврзува двете згради на ова училиште… Истрча во спротивна насока од излезот на училиштето кон друга зграда во која се сместени пониските одделенија на учениците…
Бидејќи таму бил нејзиниот помал брат. Колку љубов носела што кога истрчала од својата училница не бегала кон излезот туку истрчала право во училницата на нејзиниот помал брат… да ѝ каже на учителката да ја заклучи училницата и да ги скрие децата… Тоа девојче не постапило како што би постапиле повеќето луѓе чиј живот е во голема опасност… да се спасат и да истрчаат од зградата што е можно поскоро… Трчала низ долги комплицирани ходници и скали до друга зграда (која воопшто не е блиску) да го спаси малото братче.
Тоа е љубов.
Тaa е дете од добро семејство коe ja научило да сака… Иако нејзиниот живот бил во опасност, иако била во шок и била сведок на страшна трагедија во својата училница, сепак имала свест и сила да трча да го спаси својот помлад брат, а не само себе си.
Кажете им на вашите деца за ова мало девојче на кое само љубовта му дала сила да побегне и да го спаси своето братче, во моментот кога животот и бил најзагрозен.
Сите деца доживеаја голема тага и болка… само со примери на благородна љубов можеме да ги залечиме нивните рани… и нашите. Нека спијат во мир ангелите кои повеќе ги нема. Да ги спасиме децата што преживеаја. Немојте да кажувате дека момчето убиец бил супер ученик, дека бил генијалец, дека дошол од добро семејство… Ништо од тоа не е точно.
Ова мало девојче кое истрча да го спаси својот помал брат, кога животот и беше најзагрозен, е пример, за пофалба, за орден, за љубов кон друго битие, за хуманост, благородност, храброст, која вреди повеќе од секоја оценка и одличен успех. И било каков успех во животот и кариерата“.