“Бугаринот” Бекир Кадриески ќе се селел во Бугарија: Не можам да живеам во Македонија
Бекир Кадриески, нападнатиот копретседател на Здружението на Бугарите во Македонија наречено “Шемето”, за НОВА изјавил дека по нападот не може да живее во РМ и ќе се пресели во Бугарија.
„Добив закани дека ќе ме убијат. Ова е нормално овде. А вчера додека ме тепаше ми рече: „Ако одиш во полиција ќе те убијам!“ Знаеш, ќе ти го убијам и семејството“, вели Кадриески.
Кадриески од струшко Лабуништа ,нема бугарски пасош, но вели дека е Бугарин.
МНР на Република Македонија со став апелира да не се даваат квалификации. И ги повикува општеството и политичарите во Бугарија да чекаат на расветлување на случајот.
Од бугарското МНР пак, не одговориле дали и овој “Бугарин” ќе има ист третман како Пендиков кој доби бугарско државјанство, стан, обезбедување и се запиша на факултет во Бугарија, додека во Македонија против него се води активна кривична постапка за, народски кажано, дилање на дрога/