Софија Вергара и Џо Манганиело се разведуваат по седум години брак

„Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека минуваме низ оваа нова фаза од нашите животи“, гласи официјалната изјава на славната двојка.

Извор близок до парот, вели дека двајцата веќе некое време се разделени и одвоиле време за да размислат за својата иднина. Софија и Џо последен пат беа видени заедно минатиот месец, кога го посети на снимањето на филмот „Nonnas“ во Њу Џерси.

Актерката објави многу фотографии од одморот во Италија, а обожавателите веднаш забележаа дека нешто не е „во ред“, па многумина во коментарите ја прашаа „Каде е Џо?“.

Актерот ги продлабочи сомнежите кога и го честиташе роденденот на својата сопруга, со објава на Инстаграм на која само кратко напиша „Среќен роденден Софија“.

 

Back to top button
Close