НАЦИОНАЛИСТИЧКИ НАРАТИВИ: Наместо како херои, Ромите на Карпалак загинаа за да „купат коњи“

Дел од македонските медиуми објавија „вест“ дека кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје помеѓу десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година, се и Ердован Шабаноски и Веби Рушитоски. Меѓутоа, за разлика од загинатите Македонци кои животот херојски го дадоа за Македонија, двајцата Роми од Прилеп всушност животот го дадоа за да „купат коњи и да влечкаат дрва од планините“.

Нема автор(и) на оваа „срцепарателна“ – во основа – националистичка констатација, дека Ердован и Веби животот не го дадоа за државата, туку за да си купат коњи! Оваа „вест“ е објавена лани, но некои медиуми ја преобјавија и оваа година.

„Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкаат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција“, стои во објавата на повеќе македонски медиуми.

Дехран Муратов

Повеќе

Back to top button
Close