Бугарската национална телевизија призна постоење на Македонци во Пустец
Дали летен поветерец носи и најавува нов наратив во бугарскиот јавен дискурс кога станува збор за постоењето на посебен македонски народ и граѓани кои според етничкото чувство се декларираат како Македонци?

Од официјалните власти во Софија вакви навестување не дошле, иако ставот им е дека го признаваат современиот идентитет на граѓаните на Северна Македонија (без да споменат Македонци и македонски јазик). Но, стигнаа од Бугарската национална телевизија (БНТ), пишува 360 Степени.

Имено, вчеравечер БНТ објави мини видео-репортежа од селото Пустец во Албанија. Фокусот на сторијата е на хуманитарна акција за бесплатни кардиолошки прегледи, за како што се наведува, бугарското население во албанското село Пустец во регионот на Мала Преспа. Акцијата, според телевизијата, била организирана од Фондацијата „Бугарска меморија, заедно со бугарската „Аџибадем сити клиник“.
Специјалисти од болницата пречекаа десетици луѓе кои сакаа да добијат консултации во локалната клиника. За многумина тоа беше прв кардиолошки преглед по повеќе години, бидејќи здравствената установа нема кардиолози, се наведува на почетокот на објавата.
Она што е интересно, може да се слушне и прочита во следните пасуси, кои се надоврзуваат на воведот во репортажата.
По споделените географските координати за локацијата на селото, пренесени на сликовит начин, во објавата се наведува нешто, можеби, неочекувано – дека во селото, освен со бугарска, согласно наративот на официјална Софија, живеат и луѓе со македонска самовест.

Формулацијата на параграфот во превод од бугарски на македонски јазик, гласи:
„Селото Пустец е сместено во планината Галичица и гледа на кристалното Преспанско Езеро – средна точка помеѓу Албанија, Република Северна Македонија и Грција. Во него луѓето со бугарска и македонска самосвест живеат во единство и, зачувувајќи го чувството за припадност, ја чуваат заедничката вера“.
Ова е можеби првпат Бугарската национална телевизија, па и воопшто бугарски медиум, да употреби формулација во која се говори за македонска национална самосвест во неутрален контекст (кога се споменува, речиси редовно тоа е со пејоративен призвук, во наводници…), зачувување на чувството на припадност и чување на заедничката вера.
Инаку, сегментот во кој се споменува дека во селото живеат луѓе со бугарска и македонска самосвест не се споменува во видео-прилогот на БНТ. Сепак, формулацијата јасно се чита во текстуалната верзија на веста.

Гласниот наратив, кој е доминантен во бугарските медиуми, општество и, без потреба да се споменува – кај властите во Софија, е дека конкретно во Пустец живеат Бугари, а бугарската држава преку разни акции, од кои дел контроверзни, се обидува да го наметне ова во пошироки рамки.
Невообичаената формулација на БНТ доаѓа во период кога во земјава е почната собраниската постапка со која Бугарите треба да влезат во Преамбулата на Уставот. Иако собраниската постапка формално започна, процесот на гласање за потребата од пристапување кон измени на Уставот е „на пауза“, бидејќи власта го нема потребно двотретинско мнозинство, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму цврсто стои на ставот дека нема да поддржи уставни измени „под бугарски диктат“.
Во останиот дел, репортажата се осврнува на самиот регион, а луѓето чии изјави ги пренесуваа се вели дека се Бугари, заборавени од албанската држава во регион кој осиромашува.
Во Пустец мала поликлиника се грижи за секојдневните тегоби на луѓето, но за посериозни болести мора да поминат десетици километри за да бидат прегледани од специјалисти. Токму поради тоа е и доаѓањето на лекарскиот тим од Софија за вршење кардиолошки прегледи кои собраа десетици жители на Пустец, но и на околните села, се наведува во репортажата.
Жител на Пустец, кој се претставил како Цветко, вели дека лекари кардиолози во селото нема, а ако имаат некој проблем, одат во Корча и Тирана.
„Не, овде нема лекари, нема население. Сега ние, старите, останавме“,
вели тој на прашање од БНТ за недостатокот на кардиолози.
Во репортажата се пренесни и впечатоците на лекарот д-р Алдин Али.
„Имаше многу вистински приказни, многу природна радост што можеби како општество сме ја изгубиле и тоа ме мотивираше затоа што кога отидов да студирам да бидам доктор, студирав токму поради таа причина – да можам да помогнам. Оваа иницијатива ме врати на основите, за тоа воопшто почнав да се занимавам со медицина“,
вели д-р Алдин Али за БНТ.
 100vw, 800px” data-lazy-src=”https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2023/08/prilog-za-pustec-bnt-3.jpg” /><figcaption>Лекарот д-р Алдин Али / Фото: Принтскрин</figcaption></figure>
</div>
<p>Друг момент кој предизвикува внимание во веста на БНТ е Фондацијата „Бугарска меморија“ и нејзиниот претседател Милен Врабевски на чија иницијатива е спроведената хуманитарната акција во Пустец. Врабевски беше финансиер на бугарските здруженија и клубови во земјава – „Иван Махајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, кои по измените на Законот за здруженија и фондации беа избришани од Централниот регистар. Тој се јавува и како донатор на повеќе активности во Мала Преспа, со кои, како што може да се види од сторијата на БНТ, продолжува и понатаму.</p>
<p>Дека ова не е прва иницијатива на Врабевски и неговата фондација во регионот на Мала Преспа потсетува и Бугарската национална телевизија.</p>
<blockquote class=)
„Во 2020 година претседателот на фондацијата, д-р Милен Врабевски, донираше амбулантно возило, противпожарно возило и теренско возило за социјална патронажа. Фондацијата изгради и водоснабдување на две од селата во Мала Преспа и помогна во санирање на патот Билишта – Врбник во 2021 година. Учесниците од големата национална болница денеска се приклучија на донациите и на поликлиниката во Пустец и обезбедија дефебрилатор“,
се наведува во веста на БНТ.
Повеќе
Related Articles
Левица: Можеше и без политичка врева да се информира за водата, но потребен е Орце во кадарот
Муцунски: Повеќе луѓе се повикани во полиција за лажните информации околу скопската вода



