Турција предлага посилна контрола врз социјалните мрежи

Социјалните мрежи исто така ќе треба да ги почитуваат наредбите на турскиот суд за отстранување одредена содржина во рок од 24 часа, а предвидени се и сериозни казни во случај на непочитување на судските наредби.
Предлог-законот е насочен кон социјалните мрежи со повеќе од милион врски дневно. Тие исто така треба да ги чуваат податоците за турските корисници на серверите во Турција.
Целта на законот е да се „прекинат навредите и вознемирувањето“ преку Интернет, рече Озлем Зенгин, член на Партијата за правда и развој (АКП) на Ердоган, на прес-конференција.
На почетокот на јули, турскиот претседател повика на „воведување ред“ на социјалните мрежи, откако на Твитер беа навредувани неговата ќерка и зет.
Според најновиот „извештај за транспарентност“ на Твитер, во првата половина на 2019 година, Турција е на чело на земјите што побараа отстранување на содржината од таа социјална мрежа со повеќе од 6.000 барања.