(ВИДЕО) На Сицилија во исто време активни повеќе пожари и паѓа град, стотици евакуирани
-Имавме град кој уништи половина град и предизвика огромни штети на маслинови полиња и насади со фстаци, му напиша градоначалникот на градот, Салво Кочини, на генералниот директор на Цивилната заштита на Сицилија. Градот достигна рекордни големини со парчиња мраз со големина на тениски топчиња.
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2023/09/sicilija-585x379-1.jpg)
На жителите им се препорачува да не ги напуштаат домовите. Најмалку две лица загинаа во пожарите што денеска го зафатија италијанскиот остров Сицилија а стотици гости се евакуирани од хотелите. Пожарите биле предизвикани од силен ветер и високи температури.
Жена (42) го загубила животот обидувајќи се да си ги спаси коњите, известија од службата за цивилна заштита. Таа била со нејзиниот татко и браќата, но се претпоставува дека поради жештината и чадот ја изгубила ориентацијата и паднала во кањонот, се вели во пријавата.
Според новинската агенција АНСА, 68-годишен маж исто така загинал откако избегал од својот запален дом западно од Палермо.
Според извештаите, пожарот започнал во планините околу Гибилмана и се проширил во околината во областа Палермо. Од синоќа се извршени повеќе од четириесет пожарни интервенции на вегетација и сува трева од каде пожарот почна да се шири.