Пронајден починат 47-годишен маж од Скопје!

На 23.09.2023 во 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на место викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат А.И.(47) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција

Back to top button
Close