Демант на МТСП на денешната прeс-конференција на Реџеп Асани


Министерството за транспорт и врски најостро реагира на информациите објавени на денешната прес конференција на Реџеп Асани кој во името на партите Демократско движење, Алтернатива и Беса, потенцира за извесен договор со компанијата Еуровиа за реализација на инфраструктурен проект во Арачиново.

Заради правилно и вистиното информирање на јавноста би сакале да ги демантираме сите информации изнесени на прес конференцијата, од причина што Министерството за транспорт и врски до сега нема спроведено јавна набавка за проект за кој што истакнува Реџеп Асани.

Во контекст на ова, Министерството за транспорт и врски нема ниту склучено договор со компанијата што Асани ја наведува.

Од тие причини, апелираме претставникот на политичките партии подобро да се информира, да им се извини на граѓаните и да се извини на вработените во Министерството за транспорт и врски за лажните информации. Нема да дозволиме Министерството за транспорт и врски да биде вовлечено во дневни политички препукувања.

Министерството за транспорт и врски е сервис на граѓаните и партнер на општините и во таа насока реализираме капитални проекти со кои ги подобруваме условите за живеење на граѓаните и го поддржуваме урбаниот развој на општните

Back to top button
Close